АНАЛИЗА НА ПРОАКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА МОНИТОРИРАНИТЕ ВЕБ СТРАНИЦИ НА ВЛАДАТА НА РСМ, МИНИСТЕРСТВАТА И ОРГАНИТЕ ВО СОСТАВ ЗА 2018-2022 ГОДИНА, СОГЛАСНО ЧЛЕН 10 ОД ЗАКОНОТ ЗА СПИЈК
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно своите стратешки документи за работа, врши мониторинг на веб страните на имателите на информации од јавен карактер кои се обврзани да ги објавуваат на своите веб страници, согласно членот 10 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Агенцијата подготви споредбена анализа која се однесува на 44 иматели на информации: Владата на РСМ, министерствата и органите во состав, за 2018-2022 година, а е направена согласно Стратегијата за транспарентност на Владата (2019-2022). Анализата хронолошки го покажува трендот на активната транспарентност низ годините која ја покажуваат институциите од оваа категорија на иматели.
Анализата е подготвена од извршените мониторинзи кои Агенцијата еднаш годишно ги прави на веб страните на имателите и истата го покажува трендот на нивната проактивна транспарентност. Може да се заклучи дека просечната транспарентност и проактивното објавување на информациите во анализираниот петгодишен период, за Владата и министерствата е 79%, додека транспарентноста на органите во состав на Владата е 71%. Просекот на транспарентноста на вкупно мониторираните институции за петте години е 74%, што покажува добар степен на транспарентност. Во иднина, активната транспарентност треба да биде највисок приоритет во работењето на имателите.
Анализата покажа дека проактивната транспарентност се движи различно во зависност од годината која била предмет на мониторинг, но и од информациите кои се објавувале согласно членот 10 од ЗСПИЈК.
Агенцијата преку мониторирањето на веб страните на имателите добива податоци колку од имателите се транспарентни во имплементирањето на членот 10 од ЗСПИЈК и истите се користат за дефинирање на обуките кои ги спроведува за службените лица кај институциите, се со цел да им укаже на кој начин да ја подобрат својата транспарентност.
Имателите е потребно во што поголем број проактивно да ги објавуваат сите информации од јавен карактер, а објавуваните информации да бидат лесно достапни за најширок дел од граѓаните/барателите на информации.
Анализата можете да ја симнете на следниот линк: