АНАЛИЗА ЗА МОЛК НА УПРАВАТА

16.08.2024

 

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, изготви Анализа за молкот на управата која се однесува на периодот од 1 јануари до 30 јуни 2024 година. Анализата се однесува за бројот на жалби кои се поднесени поради молк на управата и имателите на информации кои не постапиле во законски предвидениот рок по поднесени барања од страна на барателите на информации, а целта е да се избегне оваа непопуларна алатка од страна на имателите кои ги игнорираат поднесените барања.

Со обработката на податоците за потребите на  оваа анализа, утврдено е дека од 1 јануари до 30 јуни 2024 година, од вкупно 196 поднесени жалби до Агенцијата, 142 жалби или 72,45% се поднесени поради молк на администрацијата.

Извештајот можете да го пронајдете на следниот линк:

Aнализа за молк на управата 2024

Accessibility Toolbar