АГЕНЦИЈАТА ПРЕТСТАВЕНА ВО СПЕЦИЈАЛНОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМЕСАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ (ICIC)
По повод 28 септември — Меѓународниот ден за универзален пристап до информации, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер со авторски текст се претстави во специјалното издание на билтенот на Меѓународната конференција на комесари за информации (ICIC), со кој се обидува да се нагласи важноста за поттикнување на глобален дијалог за пристап до информации. Во таа смисла, тој е производ кој обединува различни перспективи и искуства, истакнувајќи ја критичната улога на пристапот до информациите во управувањето, развојот и заштитата на човековите права. Токму затоа во воведниот збор, Меѓународната конференција билтенот го нарекува „тестамент на моќта за соработка и заедничко учење помеѓу членовите на ICIC во унапредување на правото на информации“.
Специјалното издание на билтенот има за цел да обезбеди платформа за споделување на најдобри практики, научени лекции и иновативни пристапи за надминување на бариерите за пристап до информации. Преку придонеси на експерти, практичари и застапници на правото на информации ширум светот, Меѓународната конференција на комесари за информации настојува да ја продлабочи улогата на пристапот до информации во управувањето, развојот и заштитата на човековите права.
Агенцијата, на покана на Меѓународната конференција, достави авторски текст на тема: „Вклучување на пристапот до информации и учество во јавниот сектор“.
Специјалното издание на билтенот можете да го пронајдете на следниот линк: