АГЕНЦИЈАТА ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД НЕМА ДА РАБОТИ СО СТРАНКИ – КОМУНИКАЦИЈА ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ИЛИ ТЕЛЕФОНСКИ

19.03.2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија  во следниот период нема да работи со странки.

Поради воведените превентивни мерки, Агенцијата ги замолува сите субјекти, правни и физички лица, комуникацијата со Агенцијата да  ја остваруваат по електронски пат, доставувајќи ги во скенирана форма на мејлот aspi@aspi.mk целокупната документација – жалби, претставки, прашања и слично.

Ваквиот начин на работа Агенцијата ќе го применува до завршувањето на ограничувањата, односно до добивањето на нови препораки од Владата, Министерството за здравство, или пак од друг надлежен орган.

Accessibility Toolbar