ИРИ

12.05.2023

Во 2021 година во организација на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ), Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржаа дводневна обука на тема: „Зголемување на транспарентноста и отчетноста на приходите и расходите кај политичките партии-примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“за службените лица кај политичките партии.

На дводневната обука од страна на експертот Данче Даниловска Бајдевска и од  обучувачите од Агенцијата, Макфирете Морина Сулејмани и Горјан Гилевски, службените лица беа запознаени со историјата на меѓународната и национална правна рамка, суштествените законски поими, за правата на барателите во законскиот рок да добијат пристап до бараната информација. На присутните исто така им беше посочено на што поголемо проактивно објавување на информациите од јавен карактер, за законските одредби од постапката за остварување на правото на слободен пристап, како и за нивните права и обврски за што подобро имплементирање на законот од нивна страна.

Во рамките на истата соработка беше реализирана студиска посета во Обединетото Кралство. Од 26 март до 2 април 2022 година, на покана и во организација на Интернационалниот Републикански Институт, IRI – International Republican Institute, од САД, а во соработка со Организацијата PAI – Public Administration International од Обединетото Кралство, Агенцијата, преку свој претставник, оствари студиска посета на Лондон, заедно со претставници на политички партии од Северна Македонија.

Следната активност во 2022 година беше организација на Тркалезна маса на тема: „Активна транспарентност на политичките партии – Исполнување на обврски од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и позитивните практики“, која се одржа на 25 мај 2022 година.

Целта на тркалезната маса беше размена на искуства, праксите и предизвиците во врска со примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од перспективата на политичките партии како иматели на информации и на подобрување на разбирањето и практикувањето на активната транспарентност од страна на политичките партии.

На настанот земаа учество претставници од политички партии, државни институции и граѓанско општество.

Во духот на добрата соработка во период од јули-август 2022 на фејсбук страната на Агенцијата беа споделени серија на Извештаи и Анализи подготвени и објавени од домашни и странски експерти на тема слободен пристап до информации од јавен карактер.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar