ИРИ

12.05.2023

 

2021

Во 2021 година во организација на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ), Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржаа дводневна обука на тема: „Зголемување на транспарентноста и отчетноста на приходите и расходите кај политичките партии-примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“за службените лица кај политичките партии.

На дводневната обука од страна на експертот Данче Даниловска Бајдевска и од  обучувачите од Агенцијата, Макфирете Морина Сулејмани и Горјан Гилевски, службените лица беа запознаени со историјата на меѓународната и национална правна рамка, суштествените законски поими, за правата на барателите во законскиот рок да добијат пристап до бараната информација. На присутните исто така им беше посочено на што поголемо проактивно објавување на информациите од јавен карактер, за законските одредби од постапката за остварување на правото на слободен пристап, како и за нивните права и обврски за што подобро имплементирање на законот од нивна страна.

До крајот на 2021 година, како резултат на спроведената обука и повратните податоци кои беа собрани од учесниците, за истите ќе биде изработен прирачник кој се однесува на нивните обврски согласно ЗСПИЈК, 44 Законот за политичките партии и Законот за финансирање на политичките партии.

 

2022

Во рамките на соработка 2021 година во 2022 година беше реализирана студиска посета во Обединетото Кралство. Имено, на покана и во организација на Интернационалниот Републикански Институт, IRI – International Republican Institute, од САД, а во соработка со Организацијата PAI – Public Administration International од Обединетото Кралство, Агенцијата, преку свој претставник, од 26 март до 2 април 2022 година оствари студиска посета на Лондон, заедно со претставници на политички партии од Северна Македонија.

Исто така во 2022 година, следната активност беше организација на Тркалезна маса на тема: „Активна транспарентност на политичките партии – Исполнување на обврски од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и позитивните практики“, која се одржа на 25 мај 2022 година.

Целта на тркалезната маса беше размена на искуства, праксите и предизвиците во врска со примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од перспективата на политичките партии како иматели на информации и на подобрување на разбирањето и практикувањето на активната транспарентност од страна на политичките партии.

На настанот земаа учество претставници од политички партии, државни институции и граѓанско општество.

Во духот на добрата соработка во период од јули-август 2022 на социјалните медиуми (веб и фејсбук страните на Агенцијата) беа споделени серија на Извештаи и Анализи подготвени и објавени од домашни и странски експерти на тема слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

2024

Во соработка со Меѓународниот републикански институт — ИРИ, АЗПСПИЈК во своите простории организираше работилница, насловена „Транспарентност на политичките партии и коалиции во предизборен и изборен период“. Вториот дел од оваа работилница, Во оваа пригода, учесниците-претставници на политичките партии и коалиции во Република Северна Македонија имаа можност да ги споделат своите практични искуства поврзани со информациите од јавен карактер, но и да проговорат за предизвиците со кои се соочуваат со објавување информации и известување во предизборниот и изборниот период. Стекнатите податоците од оваа таканаречена фокус група ќе бидат искористени за подготовка на Водич за активна транспарентност на Политичките партии.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar