АРХУС ЦЕНТАР – ОБСЕ

12.05.2023

Во согласност со Меморандумот за соработка потпишан помеѓу АЗПСПИЈК и Архус центарот, во 2022 година беа одржани неколку едукативни обуки на тема: “Примената на Архуската конвенција во Северна Македонија“.

На обуките пркои беа неменети за државната администрацијата беше презентирана имплементацијата на Архуска конвенција во Северна Македонија беше Петар Гајдов, Заменик раководител на Сектор за управни-правни и општи работи од АЗПСПИЈК во улога на предавач.

Обуките се спроведува во рамките на соработката, во организација и со поддршка на ЗЕЛС и ОБСЕ Мисијата во Скопје а беа наменети и посетени од службени лица за посредување на информации од јавен карактер од иматели на локално и централно ниво.

Имено, во период од 9 до13 мај 2022 беа реализирани неколку хибридни обуки, на кои помеѓу обучувачите беше и преставник на АЗПСПИЈК.

Додека, во период 25 до 28.10.2022 година се одржаа серија обуки на тема:  „Пристап до информации од јавен карактер и учество на јавноста во процеси на донесување одлуки за прашања од областа на животната средина“. Во рамките на обуките имаше посебна секција со обука за присутните службени лица на тема: Слободен пристап до информации од јавен карактер со посебен осврт на проактивната транспарентност.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar