Политика за приватност
Агенцијата за Заштита на Правото на Слободен Пристап до Информациите од Јавен Карактер која ја одржува интернет страницата www.aspi.mk, почитувајќи ги одредбите од Законот за заштита на личните податоци и слични прописи е посветен на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа страница.
Домен на применливост
Интернет страницата www.aspi.mk може да упатува на интернет страници кои не ги одржува Агенцијата. Оваа политика на приватност не се однесува на интернет страниците коишто не ги одржува Агенцијата.
Во таа смисла, оваа политика за приватност се однесува исклучиво на интернет страниците чии единствени интернет адреси (URL) се www.slobodenpristap.mk, www.aspi-community-portal.mk и www.aspi-dms.mk, освен ако на самата страница не е поинаку определено со специфична политика за приватност.
Какви податоци се прибираат, за која цел и колку се чуваат?
При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика за приватност не се прибираат никакви лични податоци!
Дополнително, за секој поединечен пристап на определен дел на интернет страницата www.aspi.mk се водат записи (логови) кои го содржат: точна адреса на страната на која е пристапено, датум и време на пристапот како и IP адреса од која е извршен пристапот. Овие записи се чуваат еден месец.
Колачиња на Интернет пребарувачот
Интернет страницата www.aspi.mk користи колачиња (cookies) за да се зачуваат определени кориснички поставувања со цел поедноставување на интеракцијата со поедини делови на страницата. Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а истите во секој момент можат да бидат избришани од сметачот на посетителот. Колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страницата во некои случаи. При пристапување на веб страницата www.aspi.mk, според GDPR одредбите, корисникот има можност да прифати или да одбие зачувување на колачиња.
Објавување на лични податоци
На интернет страницата www.aspi.mk, може да бидат објавени лични податоци, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци.