Надлежност

· Агенцијата води управна постапка и одлучува по жалби против решението со кое имателот на информацијата го одбил или отфрлил барањето за пристап до информации на барателите;
· Се грижи за спроведување на одредбите од овој закон;
· Подготвува и објавува листа на иматели на информации;
· Дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;
· Развива политики и дава насоки во врска со остварување на правото на слободен пристап до информациите;
· Води прекршочна постапка преку Прекршочна комисија која одлучува по прекршок во согласност со закон;
· Презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за правото на слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;
· Соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;
· Подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Северна Македонија;
· Извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Северна Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;
· Врши промоција на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер и · Врши и други работи утврдени со овој и друг закон.