Меѓународна соработка и проекти


Еден од приоритетите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е остварување на проактивна соработка на меѓународно ниво. Ваквата определба е детерминирана и како една од надлежностите на Агенцијата, утврдена во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), член 30,  алинеја 10: “извршува  работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер “.

Потребата за реализација на меѓународна соработка и проекти, како и соработката со меѓународни сродни институции и организации е диктирана од континуираната потреба да се биде во чекор со динамичниот начин на живеење и функционирање на секој поединец усогласен со следење и имплементирање на модернизирани технолошки алатки за овозможување слободен пристап до информациите од јавен карактер во општеството. 

Стремежот кон воспоставување на унифицирани стандарди во секоја област е на некој начин зависен и од степенот на воспоставената меѓународна соработка, вклучително и во заштитата на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. од трендот на добиена меѓународна поддршка зависи и идниот развој на државните органи, поточно на имателите на информации, се со цел непречено обезбедување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во системот. Со поддршка на заштитата на правото на слободен пристап се овозможува реализација на уставно загарантираното право на секој поединец, а од друга страна се гарантира зголемена транспаретност и отчетност на државните институции.