СРЕДБА НА РАКОВОДСТВОТО НА АГЕНЦИЈАТА СО МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ
По повод 28 Септември, Меѓународниот ден на слободниот пристап до информации, директорката и заменикот на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер Пламенка Бојчева и Блерим Исени, беа примени од Министерот за правда на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ.
На средбата стана збор за повеќе теми кои се однесуваат на работењето на Агенцијата и имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,
а се разговараше и за надминување на одредени предизвици со кои се соочува Агенцијата, а во интерес на нејзино поефикасно функционирање.
На средбата стана збор за повеќе теми кои се однесуваат на работењето на Агенцијата и имплементација на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а се разговараше и за надминување на одредени предизвици со кои се соочува Агенцијата, а во интерес на нејзино поефикасно функционирање.