СРЕДБА НА РАКОВОДСТВОТО НА АГЕНЦИЈАТА СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ
Денеска во просториите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Директорот на Агенцијата, ѓ-га Пламенка Бојчева и Заменикот на директорот, г-дин Блерим Исени, остварија средба со делегација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводена од Шефот на Мисијата, амбасадорот г-дин Клеменс Која.
На средбата стана збор за активностите и резултатите на раководството на Агенцијата во периодот јануари–февруари 2020 година, односно по трансформацијата на доскорешната Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во Агенција. Раководните луѓе на Агенцијата информираа за досега решените и сработени 750 жалби, за отпочнатите и претстојните активности и постапки за донесување на подзаконските акти, функционалната анализа и новата систематизација, а акцент беше ставен и на предизвиците од спроведувањето на новиот Закон за слободен пристап до информaции од јавен карактер.