РЕШЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 750 ЗАОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ, АГЕНЦИЈАТА ПОСВЕТЕНО РАБОТИ И НА ДРУГИТЕ ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ

28.02.2020

Од своето основање  на 26 Декември 2019 година, како правен следбеник на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, посветено работи на реализација на обврските и задачите кои произлегуваат од нејзините законски надлежности. Во изминатиот двомесечен период, приоритетот во работењето на Агенцијата  беше ставен на решавањето на заостанатите пренесени предмети од 2018 и 2019 година, како резултат на нефунционирањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, која поради неекипираност неможеше полноправно да одлучува. Постапено е и одлучено по повеќе од 750 Жалби, а од одделни баратели односно иматели на информации, (жалители), Агенцијата повратно е известена дека е постапено по решенијата и бараните информации се доставени до барателот.

Агенцијата согласно своите  законски  надлежности   ги евидентира но и обработува пристигнатите годишни извештаи кои имателите на информации имаат обврска да ги достават до Агенцијата до 31. Јануари во тековната година за минатата 2019 година. Паралелно со обработката  и анализата на  податоците содржани во годишните извештаи, тече и подготовката на збирен извештај за имплементацијата на Законот, кој Агенцијата е должна да го подготви и достави до Собранието на Република Северна Македонија, до крајот на месец март.

Агенцијата  работи и на ажурирање на Листата на иматели на информации кои согласно новиот Закон се  иматели на информации и како такви се должни да определат службено лице, како и  и да достават адресни, контактни и други потребни податоци.   Истовремено Агенцијата работи и на подготовка на подзаконските акти кои согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должна да ги донесе, а пред се на Упатството за начинот на спроведување на Законот.

Accessibility Toolbar