РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА
Во периодот од 20 до 27 јули 2020 година, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Националниот демократски институт (НДИ), а со експертска помош на ЦЕФЕ Македонија, реализираше онлајн обука за обучувачи, наменета за вработените во Агенцијата.
Преку обуката, која беше реализирана преку платформата Zoom, прилагодувајќи се на COVID -19 состојбата, учесниците се здобија со нови презентерски и комуникациски вештини и им беше овозможено запознавање со алатки за спроведување на онлајн обука. Исто така, вработените од Агенцијата од оваа обука се здобија и со технички вештини кои се потребни во нивната понатамошна работа при организирање и одржување на обуки наменети пред се за имателите на информации, но и за барателите како активни чинители во имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Оваа активност беше овозможена со финансиска поддршка од страна на УСАИД во Северна Македонија.
Реализацијата на оваа обука е важен чекор за зајакнување на работните перформанси на вработените во Агенцијата преку чија работа успешно ќе се промовира транспарентноста на работата на државните органи и доследно спроведување на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен каркатер од страна на имателите.