РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА
07.09.2022

Директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и генералниот секретар Тања Ковачев, остварија работна средба со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
На средбата се разговараше за зголемување на одговорноста во зајакнувањето на транспарентноста на институциите како критичен фактор за намалување на корупцијата и професионалноста на јавната администрација, вклучително и ефикасноста на услугите кон граѓаните.
На средбата директорката Бојчева и министерот Алити се договорија дека ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина за продолжување на веќе воспоставената соработката помеѓу Агенцијата и МИОА.