Презентирани искуствата на Европскиот Омбудсман за примена на слободниот пристап до информации од јавен карактер

05.04.2022

Во рамките на ИПА2 проектот, финансиран од ЕУ, во активноста подигнување на капацитетите на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржа дводневна on line работилница со претставници на Европскиот омбудсман, г-дин  Фергал Ентони О’Реган, г-ѓа Хонор Махони, г-ѓа Тереза Манџукова и г-дин Енрико Портелини, наменета за вработените во Агенцијата.

Директорката на Агенцијата, г-ѓа Пламенка Бојчева, ги запозна присутните со надлежностите на Агенцијата, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и за реактивната и проактивната транспарентност која ја практикува во својата работа.

Претставникот на канцеларијата на Омбудсманот, г-дин  Фергал Ентони О’Реган, преку практични примери ја презентираше работата на Канцеларијата на Омбудсманот во однос на постапките по однос на слободниот пристап до информации од јавен каркатер, инспекциски овластувања, одлучувањето по предлог решенија и препораки. Посебен акцент беше ставен на исклучоците од слободниот пристап до информации од јавен карактер, во однос на заштитата на животната средина и Архуската конвенција. Исто така, беа презентирани примери за проактивното постапување на предметите по кои постапуваат вработените во канцеларијата на Омбудсманот и нивното објавување на нивните комуникациски канали.

Во текот на сесијата за јавниот интерес беа презентирани примери за постапување во однос на класифицираните информации и начинот на кој Омбудсманот постапува во одредени случаи.

На крајот од работилницата, г-дин Енрико Портелини, ја презентираше работата на Одделението задолжено за односи со јавноста на Европскиот Омбудсман на кој начин и кои алатки ги користат за запознавање на јавноста за нивната работа.

 

 

Accessibility Toolbar