ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУТОТ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СТУДИИ
13.02.2023

Денес, во просториите на Институтот за комуникациски студии беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Институтот. Меморандумот го потпишаа директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева и Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.
На средбата се дискутираше за тековните, како и идни потенцијални проектни активности на полето на едукацијата и промоцијата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер наменета за повеќе целни групи, како и вклученост во останати области од интерес на двете страни.