ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР И ВЛАДАТА

12.03.2021

Директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија, Мухамед Зеќири, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот е дел од активностите кои произлегуваат од Стратегијата за транспарентност, а има за цел воспоставување партнерски однос меѓу двете институции за унапредување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува веќе воспоставената соработка помеѓу Агенцијата и Владата за промоција на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и ефективното остварување на правата и слободите на граѓаните. Воспоставената соработка ќе придонесе кон зголемување на одговорноста на институциите преку зајакнување на активната транспарентност на Владата на Северна Македонија и на органите во состав.
На овој начин се гарантира  доследно спроведување на стратешките определби содржани во Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2019 – 2021).

 

 

Accessibility Toolbar