ОДРЖАН СОСТАНОК НА „ИНИЦИЈАТИВА 2020“

06.10.2021

Директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева, од 3 до 5 октомври во Блед, Република Словенија,  учествуваше на вториот состанок на независните тела за слобода на пристап до информации, од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово и Република Северна Македонија од “Иницијатива 2020”, формирана во октомври 2020 година по предлог на комесарот за информации на Република Словенија.

Оваа Иницијатива има за цел зајакнување на соработката и размена на добри практики во промоцијата и заштитата на правото  на слободен на пристап до информации од јавен карактер.

Независните тела за слободен пристап до информации кои учествуваа на годинешниот состанок, констатираа дека се соочуваат со изменети околности предизвикани од пандемијата на КОВИД -19, во кои е уште поважно на граѓаните да им се овозможи навремен пристап до информациите од јавен карактер и го истакнаа делувањето на независните тела кои го промивираат и штитат ова право.

Шефовите на делегациите од “Иницијативата 2020”, одлучија да ја зајакнат меѓусебната институционална соработка, вклучувајќи учество во проекти, меѓусебни работни посети и размена на студии на вработени за зајакнување на капацитетот и размена на добри практики во пристапот до информации. Со цел зајакнување на институциите за пристап до информации во сите земји учеснички, исто така, беше договорено, усвојување на заедничка декларација со цел да се обезбеди нивна независност на телата во областа на пристапот до информации од јавен карактер и имплементација на нивните одлуки.

Следниот годишен состанок на „Иницијатива 2020“ ќе се одржи во 2022 година во Република Северна Македонија.

 

 

Accessibility Toolbar