КАМПАЊИ ЗА ИНТЕГИТЕТ: СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР И САКАМ ДА ЗНАМ

27.01.2022

Расте свеста кај граѓаните за користење на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува истражувањето направено во рамките на Кампањата за интегритет, спроведено во декември минатата година. Повеќе од половина или 56 отсто од испитаниците сметаат дека имаат право да достават барање до државните институции согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што е раст од 13 отсто во споредба со 2020 година. Покрај другите наоди истражувањето укажува на раст на свеста на граѓаните (57 отсто во 2021 година, наспроти 42 отсто во 2020), дека правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е загарантирано со Уставот, а подобрена е и информираноста на граѓаните за постоење на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Целта на ова истражувањето е мерење на ефектите во јавноста од активностите кои беа реализирани во текот на Кампањата за интегритет под слоганот „Избери интегритет“. Кампањата за интегритет е дел од проектот за „Промовирање на транспарентноста и одговорноста на јавната администрација во Република Северна Македонија“, чии корисници се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Наша цел е да едуцираме и информираме што повеќе граѓани да го користат своето законско право за слободен пристап до информации од јавен карактер, од една страна, и од друга страна да ги поттикнеме и обучиме имателите на информации за начинот на постапување по добиените барања, што е  нивна законска обврска. Транспарентоста на инстититуциите придонесува за јакнење на нивниот интегритет. Граѓаните имаат клучна улога во овие процеси, бидејќи институциите постојат токму за нив. Унапредувањето на овој процес на тесна соработка беше и главна цел на нашите активности во рамките во кампањата. Преку овие активности, покрај информирање и едукација на граѓаните, сакавме да поттикнеме што поголемо користење на правата кои произвлегуваат од Законот, со што ќе се унапреди и интегритетот на институциите, а истовремено ќе се зголеми и владеењето на правото како основен постулат на секое демократско општество“, истакна Пламенка Бојчева, директорка на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Accessibility Toolbar