ИЗВЕШТАЈ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ЗА 2024 ГОДИНА ﹘ ПОГЛАВЈЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Извештајот на Европската Комисија за владеење на правото за 2024 година претставува синтеза на состојбата со владеењето на правото во ЕУ и проценка на ситуацијата во секоја земја-членка, како и земјите-кандидати за членки на ЕУ. За прв пат, Извештајот за 2024 година вклучува и поглавја за четирите земји-кандидати (Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија).
Препораките вклучени во овој извештај имаат за цел дополнително да им помогнат на земјите-членки во нивните напори да ги унапредат тековните реформи и да им помогнат да идентификуваат каде се потребни подобрувања. За таа цел, Извештајот за владеење на правото за 2024 година го нотира следново:
„Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедува пристап до информации од јавен карактер како право на граѓаните вградено во Уставот и подзаконските акти. И покрај ограничените ресурси, Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер постапува по поднесените жалби и ги следи имателите на информации и покрај ограничените ресурси.
Просечно, во изминатите три години се поднесени 8.500 барања до имателите за информации од јавен карактер на годишно ниво. Засегнатите страни изразија загриженост дека заштитата на личните податоци често се користи како причина за одбивање на пристапот до документи. Доцнењето за добивањето информации е предолго, особено за новинарите кои работат во куси рокови, додека јавната администрација во пракса, не е доволно одговорна за давање пристап до информации.“
Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер останува посветена на остварувањето на своите надлежности како кредибилен афирматор и заштитник на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институции и олеснување на пристапот до информации од јавен карактер.