ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНАТА АНАЛИЗА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА НА ИМАТЕЛИТЕ НА ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

05.09.2022

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер изготви Извештај за спроведената анализа за унапредување на транспарентноста и отчетноста на имателите на информации за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Согласно Заклучокот донесен на Шеесет и третата седница на Владата на РСМ одржана на 20.07.2022 година, и се укажува на Агенцијата да побара од сите иматели на информации да направат листа на најчесто побарувани податоци согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во период од 1.1.2020 до 30.06.2022 година, со исклучок на веќе објавените податоци согласно членот 10 од Законот. До сите 1445 иматели на информации, објавени на Листата на иматели на информации, Агенцијата достави барање, најдоцна до 10 август 2022 година да постапат по Заклучокот на Владата на РСМ.

Извештајот е достапен на следниот линк: ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНАТА АНАЛИЗА

Excel табелата со податоците доставени од имателите е достапна на следниот линк: СУБЛИМАТ ОД ПРИСТИГНАТИ ОДГОВОРИ

 

 

Accessibility Toolbar