ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ВО БЕРЛИН
На покана на Берлинскиот Федерален комесар за заштита на податоци и слобода на информации, на 16 и 17 мај, директорката на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева, беше говорник на дводневната Работилница за постапување по предмети за слободен пристап до информации во Берлин.
Во своето излагање, директорката Бојчева, пред присутните ги презентира надлежностите и работните постигнувања на Агенцијата, со посебен осврт на одредби од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Северна Македонија и искуствата од неговата примена.
Покрај земјата домаќин, Германија, на работилницата свои излагања покрај Северна Македонија, имаа и претставници од Луксембург, Малта, Хрватска, Словачка, Албанија, Естонија, Србија, Обединетото Кралство, Шкотска и Унгарија. На дводневната работилница беа разменети искуствата и предизвици при имплементацијата на законските одредби при постапувањето со предмети, како и останати заеднички теми и области кои произлегуваат од надлежностите кои произлегуваат од Законите за слободен пристап до информации од јавен карактер.