АГЕНЦИЈАТА ОТВОРИ ПОСЕБНА ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЖАЛБИ
22.07.2020
Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер известува дека отвори посебна електронска адреса за доставување на жалбите. Барателите кои не добиле одговор во законскиот рок, или не се задоволни од одговорот, своите жалби до Агенцијата во иднина можат да ги доставуваат на мејлот zalbi@aspi.mk
На истиот мејл, службените лица кај имателите на информации од јавен карактер ќе треба да се произнесуваат по препратените жалби од страна на Агенцијата.