АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ПРИМЕНА ЗА ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМЕСАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ (ICIC)

27.10.2022

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е примена за полноправен член на Mеѓународната конференција на комесари за информации (ICIC).

Претседавачот и Секретаријатот на ICIC, со кој претседава Националниот институт за транспарентност, пристап до информации и заштита на лични податоци на Мексико (INAI), ја информираше Агенцијата за заклучокот на Извршниот комитет на ICIC дека Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап за информации од јавен карактер ги исполнува сите критериуми за подобност според Повелбата на ICIC. Следствено, таа е успешно акредитирана како нова членка на ICIC.

Со тоа, Агенцијата станува дел од Меѓународната конференција на комесари за информации чија визија е да биде глобален форум кој ги поврзува Комесарите за информации, членки, одговорни за заштита и унапредување на законите за пристап до информации со цел да се подобри транспарентноста и одговорноста во корист на сите. Нејзината мисија е да споделува знаења и најдобри практики, да изгради капацитет, да помогне во идентификувањето на она што е потребно за глобален напредок и да дејствува како колективен глас на меѓународните форуми се со цел да се подобри правото на граѓаните за пристап до информации од јавен карактер.

Податоците за Агенцијата се објавени на следниот линк: https://www.informationcommissioners.org/north-macedonia/

Accessibility Toolbar