ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ (ЦУП) Скопје
На почетокот на 2022 година започна соработката помеѓу Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфомациите од јавен карактер и Центар за управување со промени во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED). Од овој проект произлегоа бројни резултати и суштински важни документи за работата на Агенцијата, како Упатства, Извештаи и Анализи поврани со примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Додека, во 2024 година, продолжува соработката во рамките на проектот “Партнерство Против Корупција”, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID).
Проектот е имплементиран од Management System International (MSI), во соработка со: Центар за управување со промени Скопје и Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје
2022 година
УПАТСТВО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР
Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор, опфаќа анализа на институции од 38 сектори и што граѓаните најчесто бараат од овие институции. Дополнително, докуемнтото содржи и анализа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и како истиот ги уредува правата и обврските на странките во постапката за посредување со информации од јавен карактер.
Упатството е изработено од страна на Центарот за управување со промени во соработка со Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфомациите од јавен карактер и Кабинетот на Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро управување во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED).
ШТО ГИ ИНТЕРЕСИРА ГРАЃАНИТЕ? ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Извештајот е резултат на следењето и анализата спроведена од страна на ЦУП, а во соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Кабинетот на заменик претседателката на Владата задолжена за политики на добро владеење. Извештајот ги идентификува предизвиците во спроведувањето на законските обврски, но и примената на конкретните мерки и активностите кои се однесуваат на пристапот до информации од јавен карактер, дава препораки за подобрување на транспарентноста, одговорноста и отчетноста на институциите, но истовремено ги поттикнува граѓаните, граѓанскиот сектор, академската заедница, приватниот сектор и сите други чинители во општеството, активно да ги барат и да ги користат податоците на институциите за потребите на својата област на работа и да придонесат за креирањето на подобри политики кои ќе водат кон прогрес во сите општествени сфери.
Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED).
2024 година
ПАРТНЕРСТВО ПРОТИВ КОРУПЦИЈА
Целта на програмата е оформи партнерство помеѓу владата и независните државни институции за да се идентификуваат заедничките приоритети и активности кои би придонеле кон зајакнување на системите на национално ниво со цел да се намалат институционалните можности за корупција. Програмата ја поддржува владата и другите антикорупциски субјекти да преземат активности за справување на корупцијата од сите форми и бара одговорност од државните актери.
Програмата ангажира независни државни субјекти да го подобрат функционирањето на владата, соработката и координацијата;
- зголемување на транспарентноста на начини кои ги намалуваат можностите за корупција;
- поддршка на механизмите за одговорност во работењето на владата и независните државни механизми за одговорност; и
- создава можности со диверзификација на антикорупциските партнерства и истражување на употребата на иновативни пристапи, алатки и технологии.
Програмата нуди активности поврзани со институционална поддршка и вклучува активна партиципативност на повеќе чинители од системот се со цел обединета борба против корупцја. Бидејќи програмата опфаќа многу аспекти од надлежности на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, како што се транспарентноста и отчетноста како антикоруптивни алатки во борбата против корупцијата.
Токму поради тие причини Агенцијата е избрана како еден од примарните корисници и соработници од страна на проектниот тим.
Во 2024 година се започна со првата активност а тоа е поддршка на Агенцијата за спроведување на ЦАФ процесот.
Период 01.10.2023 – 01.09.2028
Донатор: Агенцијата на САД за меѓународен развој
Краен корисник на проектот:
-Владини институции;
– Независни државни агенции со мандат за превенција на корупцијата
Главна цел:
Да се зајакнат националните системи за да се намалат институционалните можности за корупција и за владата и другите независни актери да преземат активности за справување со корупцијата кога таа ќе се појави.
Очекувани резултати:
- Воспоставени се ефективни системи за да се осигура дека вработените во јавниот сектор се придржуваат до стандардите за етика и интегритет;
- Развиени се силни, меѓусебно поврзани и добро функционални системи за борба против корупцијата со навремена реакција;
- Зајакнати се владините процеси, процедури и способности за намалување на ризикот од корупција;
- Се подобрува отчетноста на клучните институции кои се борат против корупцијата;
- Подобрена е ефикасноста на испораката на услугите, стандардизацијата на услугите и пристапноста до владините услуги;
- Зголемени се транспарентноста и ефикасноста на јавниот сектор.
Проектот е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID).
Проектот е имплементиран од Management System International (MSI), во соработка со: Центар за управување со промени Скопје и Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје
ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ