Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во Скопје

20.05.2024

 

На 20 и 21 мај 2024 година, во Крушево. АЗПСПИЈК во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во Скопје организираа дводневна обука на тема „Зголемување на еколошката транспарентност за унапредување на еколошката правда“. Обуката беше посетена од службените лица кај имателите од државните институции, министерства и општините во РСМ. На покана на АЗПСПИЈК, говорници и предавачи на обуката беа претставници од Архурс центар Скопје – Милиеуконтакт Македонија. Обуката беше реализирана во рамките на проектот „Унапредување на еколошката правда во Северна Македонија“. По одржаните презентации беа разменети искуства и примери од позитивната пракса со цел зголемување на еколошката транспарентност и унапредување на еколошката правда како на локално така и на централно ниво.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar