ОБСЕ – Мисија во Скопје

12.05.2023

Во рамките на соработката помеѓу АЗПСПИЈК и ДКСК со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во 2022 година е отпочната зеадничка активност – Дизајнирање, развој и имплементација на курс за е-учење на принципот на демократско владеење на транспарентност и отвореност.

Транспарентноста е еден од клучните принципи на демократското владеење. Тоа се однесува на обврската на државните службеници/ институции да овозможат транспарентен пристап до она што го работат а е во доменот на нивната надлежност. На овој начин би овозможиле на граѓаните да добијат релевантни и навремени информации, како и можноста да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Како таква, транспарентноста е многу важен елемент на политиката која инстиуциите се охрабруваат да ја практикуваат при своето работење се со цел спречување на корупцијата.

Општата цел на задачата е да се произведе еден курс за е-учење, кој ќе биде достапен на постоечката платформа за е-учење на веб-страниците на АЗПСПИЈК и ДКСК , со цел да им помогне на двете институции во реализацијата на нивните оперативни цели кои се однесуваат на имплементацијата на нивните програми за обука. На овој начин би се создале услови за промовирање односно зајакнување на системот на интегритет во јавниот сектор преку подобрување на транспарентноста како елемент за спречување на корупцијата и отчетноста преку проактивно објавување на категориите на информации од јавен карактер.

Курсот за е-учење за транспарентност и отвореност ќе го користат АЗПСПИЈК и ДКСК како алатка за градење капацитети на номинирани службеници за интегритет и службеници за иматели на информации, назначени лица за слободен пристап до информации од јавен карактер во институциите од јавниот сектор на централно и локално ниво.

Во континутитет на оваа соработка, ДКСК и АЗПСПИЈК, со поддршка на ОБСЕ, реализираа заеднички обуки во кои беше опфатена темата : Слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуките беа во рамки на Програма за обука 2022: Политика за интегритет на единиците на локалната самоуправа, Модули: Транспарентност, Отчетност и Партиципативност/ Ефикасно, Еконмично и Ефективно работење. На обуките беа присутни службените лица за посредување со информации од јавен карактер, иматели од централно и локално ниво.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar