НОВИНАРИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Во рамките на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“.
Проектот кој започна во јули 2021 година, а ќе трае до декември 2022 година, Новинари за човекови права го спроведува во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, со финансиска поддршка од Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите. Главната цел на проектот беше преку низа активности да се започне со развој на Систем за рано предупредување за исчезнати деца.
Во рамки на проектниот циклус беа одржани бројни активности до декември 2022 година, преку воведување на добри практики преку вклучување на различни засегнати страни во процесот на елиминирање на трговијата со деца за трудова / сексуална експлоатација. Една од избраните инситуции е АЗПСПИЈК, односно правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Поттикнати од одличната соработка АЗПСПИЈК и НКП на 26 декември 2022 година потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка предвидува Агенцијата и Здружението НКП, како и други државни институции, да соработуваат во следниот циклус на горенаведениот проект за пристапот за слободен пристап до информации од јавен карактер како алатка за побрзо стекнување на институционални информации поврзани со заштита на децата од исчезнување.
ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ