ИЦИЦ

12.05.2023

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е примена за полноправен член на Mеѓународната конференција на комесари за информации (ICIC).

Претседавачот и Секретаријатот на ICIC, со кој претседава Националниот институт за транспарентност, пристап до информации и заштита на лични податоци на Мексико (INAI), ја информираше Агенцијата за заклучокот на Извршниот комитет на ICIC дека АЗПСПИЈК ги исполнува сите критериуми за подобност според Повелбата на ICIC. Следствено, таа е успешно акредитирана како нова членка на ICIC.

Агенцијата даде активен придонес кон Извештајот на МККИ (ICIC) кон тематскиот Извештај на специјалниот известувач за слобода на мислење и изразување, Ирене Кан, за 53-та сесија на Советот на човекови права на ОН: „Слобода на мислење и изразување и одржлив развој – зошто гласот е важен?“

Надоврзувајки се на претходната работа од овој мандат на специјалниот известувач Кан за родова правда, дигиталната технологија и слободата на медиумите, Извештајот ќе се фокусира на правото на информации преку Интернет (онлајн) и локално (офлајн) како средство за зајакнување на транспарентноста и одговорноста на владите и институциите; еднакво и целосно учество на сиромашните и маргинализираните заедници во одржливиот развој и улогата на медиумите во промовирањето на одржливиот развој.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar