ИНКЛУЗИВА – INKLUZIVA Куманово
Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфомациите од јавен карактер во соработка со Здружението Инклузива-Inkluziva во период од октомври 2023 до мај 2024 година во рамките на :„ Проектот за инклузија во пристапот до јавни информации за лицата со попреченост“,финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).
Во рамките на овој проект беше прво реализирана обука за вработените на Агенцијата Преку активно учество на дводневната обука на 23 и 24 ноември 2023 година, учесниците ги зајакнаа своите вештини за подобрување на пристапот до услуги и информации од јавен карактер за лицата со попреченост. Односно работевме заедно на запознавање со форматот, содржината и начинот на адаптација на јавни информации и модели на пристап и соодветна комуникација со лица со попреченост.
На оваа обука беше потпишан и Меморандум за соработка, во чија содржина е наведено дека соработката помеѓу Агенцијата и Инклузива продолжува и понатаму во иднина со заложбите да се применува правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во рамки на локалните самоуправи на инклузивен начин, достапен за лицата со попреченост и да се зголемат капацитетите кај сите чинители за важноста од практикувањето и остварувањето на ова уставно загарантирано право преку едукација и информирање за придобивките од инклузивна проактивна транспарентност.
Следно, беа реализирани 3 обуки во соработка со три општини итоа Прилеп, Дојран и Гостивар.
Во текот на работилниците, учесниците беа запознаени со значењето и употребата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, важноста на транспарентноста и оттчетноста кон граѓаните, како и соодветна поддршка на лица со попреченост при остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во текот на практичниот дел од обуката им беше образложена анализита на нивната веб страна и добија соодветни насоки како да ја подобрат техничката функционалност на веб страната, со цел дa сe овозможи пристап за лицата со попреченост, како и подобрување на содржината , односно овозможување на нејзина поголема разбирливост за лицата со попреченост.
Дополнително беа реализирани работилници под мотото Со нови вештини до еднакви можности! на кои преставничките на Инклузива одржаа предавања пред бројни учесници за запознавање со Правото на пристап до информации од јавен карактер според Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и домашното законодавство. Исто така, појаснување на кои се информации од јавен карактер, кој ги има и како да се информираат, односно појаснување на постапката при поднесување на Барање на информации од јавен карактер.
Целосно појаснување на начинот на добивање на информациите, рокови и можност за одбивање, односно поднесување на Жалба до Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфопмации од јавен карактер и за нејзините надлежностите.
Подготвена и објавена е публикација Прирачник за лица со попреченост за остварување на правото на пристап до информации од јавен карактер во пристапен формат, на лесно разбирлив јазик. Главната цел е да се овозможи брз, едноставен и лесно достапен начин за граѓаните со попреченост до информациите од јавен каракер
Последниот резултат во рамките на овој проект е видео спот во кој се појаснува значењето и целосниот процес за поденсување на Барање за слободен пристап до информации од јавен каактер. Особено сме горди што во видеото учесници се млади активисти,на Инклузива кои сака да информираат за Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер,.
Заедничкото мото на овој проект е Информираните граѓани многу полесно и побрзо ги остваруваат своите права, бидејќи сите имаме ПРАВО на информации од јавен карактер.
ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ