ДОНЕСЕНО УПАТСТВО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

19.03.2020

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, донесе Упатство за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информции од јавен карактер. Упатството е објавено во („Службен весник на РСМ“ бр. 60/2020), а е поставено и на веб страната на Агенцијата www.komspi.mk во линкот Листа  на информации од јавен карактер, како и  во линкот Прописи.

Цел на ова Упатство е согласно Законот, на физичките и правните лица (баратели на информации) да им се овозможи побрзо и поефикасно да го остварат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации, кои се должни да овозможат информирање на јавноста.