СОВЕТ НА ЕВРОПА (COUNCIL OF EUROPE)
Соработката со Советот на Европа во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“ продолжува и во третиот циклус на самиот проект и во 2023 година.
2023 година
Третата Регионална конференција на Иницијативата 2020 насловена: “Проактивна транспарентност и Тромсовата конвенција“ се одржа во Струга на која домаќин оваа година беше АЗПСПИЈК.
Реализацијата на оваа Конференција беше подржана од страна на Советот на Европа во рамките на заедничкиот проект помеѓу Европската Унија и Советот на Европа “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектот “Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“.
На конференцијата присуствуваа претставници од раководните структури на независните тела за пристап до информации, членки на „Иницијативата 2020“ и тоа Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Словенија и домаќинот Северна Македонија. Гости на оваа регионална конференција беа Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, експерти од Советот на Европа и делегација од Канцеларијата на Комесарот за информации и заштита на податоци од Албанија. На конференцијата беа разменети искуства и информации во областа на проактивната транспарентност, споделување на алатки и научени лекции, како и важноста од примената на европските стандарди и Тромсовата конвенција на Советот на Европа.
Соработката со Советот на Европа во рамките на проектот “Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)”, продолжува и во третиот циклус на самиот проект. Имено, во 2023 година, беа реализириани неколку средби, се со цел подготовка на активности поврзани со слободниот пристап до информации за следната година. На 04.05.2023 година беше реализиран Првиот Управен Одбор на проектот. Соработката продолжува и во 2024 година.
ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ