Листа на информации

Агенцијата  за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (во натамошниот текст Агенција) е основана согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр. 101/2019), а почна со работа врз основа на Одлуката  на Собранието на Република Северна Македонија за именување на директор на Агенцијата  бр. 08-7066/1 од 25 декември 2019 година ( Службен весник на РСМ број 271 од 26 декември 2019 година).

Адреса: бул.„Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ – 14 кат)
1000 Скопје, Република Северна Македонија

Телефон: + 389 2 3118 038; +389 2 3127 453

Факс: + 389 2 3114-695

Интернет страница:

www.aspi.mk

електронска пошта: aspi@aspi.mk

Жалбите до Агенцијата можат да се доставуваат на:
zalbi@aspi.mk

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е:
Петар Гајдов – тел: 3118-038 и 070 305-786, petar.gajdov@aspi.mk

Лице за контакт во врска со Годишен извештај:
Оливер Серафимовски,  тел/факс 3118 038 и 071 229-214, godisniizvestai@aspi.mk

Лице за комуникација со граѓани, кои што имаат  некаков вид и степен на попреченост:
Александра Атанасовска-Ѓорѓијеска телефон за контакт: (02) 3118-038 и 070 270-216

Овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување:
Василка Поп Ѓорѓиева, vasilka.p@aspi.mk, тел. 070 364 980

Номинирано лице за интегритет во Агенцијата:
Мелани Ибраими, melani.ibraimi@aspi.mk, тел. 070 337 492

Офицер за заштита на лични податоци:
Инџи Хоџа
тел. 3118-038;  071 229-289
e-mail: inxhihoxha@aspi.mk

Службеник за млади, лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите:

Елена Арсева
тел. 3118-038 и 070 364-995
e-mail: elena.arseva@aspi.mk

АГЕНЦИЈА:

Директор на Агенцијата:

  • Пламенка Бојчева– тел.  02 3118-038; 070 392-871

Заменик на директорот на Агенцијата:

  • Блерим Исени–  тел.  02 3118-038

Генерален секретар на Агенцијата:

  • Тања Ковачев – тел: 02 3118-038; 070 377-360

Надлежност на Агенцијата:

– води управна постапка и одлучува по жалби против решението со кое имателот на информацијата го одбил или отфрлил барањето за пристап до информации на барателите;

– се грижи за спроведување на одредбите од овој закон;

– подготвува и објавува листа на иматели на информации;

– дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;

– развива политики и дава насоки во врска со остварување на правото на слободен пристап до информациите;

– води прекршочна постапка преку Прекршочна комисија која одлучува по прекршок во согласност со закон;

– презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за правото на слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;

– соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;

– подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Северна Македонија;

– извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;

– врши промоција на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер и

– врши и други работи утврдени со овој и друг закон.


ВРАБОТУВАЊЕ


ДИРЕКТОР

ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР

ВИЗИЈА И МИСИЈА

НАДЛЕЖНОСТ

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

БУЏЕТ

ЈАВНИ НАБАВКИ

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ПРОЕКТИ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ


ПРОПИСИ

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ПРОГРАМИ ЗА РАБОТА

СТРАТЕГИИ

ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ

ОБРАСЦИ

АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ОТВОРЕНО ВЛАДИНО ПАРТНЕРСТВО


Accessibility Toolbar