Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Министерството за информатичко општество и администрација
Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева, потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се унапредува соработката помеѓу Агенцијата и Министерството на полето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер.
Со потпишување на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и градење на капацитети за доследна имплементација на законската регулатива.
Предмет на овој меморандум е едуцирање на вработените во Министерството за остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и зголемување на активната транспарентност, во насока на доследно спроведување на одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како и советување за прашања од делокруг на својата надлежност.