ТРКАЛЕЗНА МАСА: „СТАНДАРДИ НА ИНТЕГРИТЕТ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СПОРЕД КОНВЕНЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА (ЧЛЕНОВИ 7, 8 И 10)“

12.10.2022

Претставници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денес земаа активно учество на тркалезната маса на тема: „Стандарди на интегритет во јавниот сектор според Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата (членови 7, 8 и 10)“.

Тркалезната маса беше во организација на Министерството за правда, со поддршка на УНДП. На настанот учество земаа претставници на домашни институции и странски експерти од областа на спречување на корупцијата, како и претставници на странски и домашни делегации и организации. На тркалезната маса беше посветена на зголемување на свесноста и обврските кои произлегуваат од членовите 7,8 и 10 на Конвенцијата на Обединетите нации шротив корупцијата, усогласеноста на законодавството и добри практики и предизвици во имплементацијата на стандарди за интегритет во јавниот сектор.

Свое обраќање пред присутните учесници имаше директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева, која истакна дека: „од аспект на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер градењето на интегритет се постигнува преку градење на транспарентни, отчетни и одговорни институции и подигнувањето на овој збир на вредности и норми на институционално ниво, значи градење и воспоставување на националниот или јавен интегритет. Јавниот интегритет води кон доследно усогласување и придржување кон заедничките етички вредности, принципи и норми за поддршка како и давање на приоритет на јавниот пред приватниот интерес“. Бојчева потенцираше: … јавниот притисок и граѓанската партиципативност се исклучително моќни механизми кои функционираат исклучиво доколку граѓанинот е соодветно и континуирано информиран за општеството во кое живее, за начинот и околностите под кои се креираат, се донесуваат и се водат јавните политики, начинот на кој се врши трошењето на јавните средства“.

На темата: „Искуства во спроведувањето мерки за спречување на корупцијата поврзани со членовите 7, 8 и 10 на UNCAC“, „Мерки преземени за унапредување на имплементацијата“, своја презентација имаше Петар Гајдов, помошник раководител на Секторот за правни, општи работи и управни постапки, кој ги презентира преземените активности во однос на унапредувањето на имплементацијата за политиката на интегритет од страна на Агенцијата.

 

Accessibility Toolbar