ТРЕТА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА „ИНИЦИЈАТИВАТА 2020“ НА ТЕМА: „ПРОАКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ТРОМСОВА КОНВЕНЦИЈА“

07.10.2022

Заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“ во текот на изминатите два дена ја поддржа Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ) преку организација на Третата Регионална конференција во рамките на „Иницијатива 2020“: „Проактивна транспарентност и Тромсо Конвенцијата“.

На конференцијата учествуваа претставници од раководните структури на независните органи за пристап до информации, членки на „Иницијативата 2020“ од: Босна и Херцеговина, Антеа Јозиќ , помошник народен правобранител, Народен правобранител за човекови права, Хрватска, Зоран Пичулан, комесар за информации, Косово, Кренаре Согојева-Дермаку , комесар за информации и приватност, Црна Гора, Иван Медојевиќ, директор на Агенција за заштита на лични податоци и слободен пристап до информации, Северна Македонија, Пламенка Бојчева, директор на Агенција за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Србија, Милан Мариновиќ, комесар за информации од јавно значење и заштита на лични податоци и Словенија, Мојца Прелесник, комесар за информации, како и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, експерти од Советот на Европа, Патрик Пенинкс, директор на Одделот за информациско општество, Ивар Тало, меѓународен експерт на Советот на Европа, Лејла Дервишагиќ, раководител на операции, програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Чезаре Питеа, програмски менаџер, Оддел за слобода на изразување.

Целта на конференција беше да овозможи размена на искуства и знаење од областа на Проактивната транспарентност, како и на споделувањето на алатките и научените лекции и релевантноста од примената на европските стандарди и Конвенцијата на Советот на Европа, Тромсова конвенција.

На конференцијата главен фокус беше ставен на проактивната транспарентност во пракса со презентирање на преземените активности, размена на практични искуства, како и запознавање со следните активности кои ќе бидат преземени за поголема промоција на овој сегмент од слободниот пристап до информациите од јавен карактер.

Темата е од големо значење, со оглед на фактот што сите чинители на конференцијата дадоа свои согледувања за заеднички придонес за подигнување на нивото на доброто владеење на институциите и унапредувањето на услугите за граѓаните, како баратели на информации.

Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи (CETS бр. 205), позната и како Тромсо конвенција, во регионот ја имаат ратификувано Босна и Херцеговина и Црна Гора, и заеднички беше потенцирано дека Законите за СПИЈК одат чекор понапред во пристапот до информациите од јавен карактер.

Конвенцијата Тромсо, го признава општото право на пристап до официјалните документи што ги поседуваат јавните власти, односно пресвртница во промовирањето на демократското владеење, отвореноста, партиципативната демократија и во остварувањето на другите човекови права и основни слободи.

Примената на овие принципи и важноста од примената на европските стандарди и Тромсова конвенција, е поттик до останатите земји истата да ја ратификуваат како дополнителна алатка за имплементирање на законите за пристап до информации од јавен карактер и како сигурен столб за заштита на уставно загарантираното човеково право: „ ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!!!“.

Уште една додадена вредноста на оваа Регионална конференција беше и учеството на делегацијата од Канцеларијата на Комесарот за информации и заштита на податоци од Албанија како набљудувач(к)и, бидејќи тие не се потписници на „Иницијатива 2020“. Земајќи ја предвид регионалната компонента на ЈУФРЕКС, учесничките од Албанија имаа прилика да придонесат со своето искуство бидејќи ја имаат потпишано и ратификувано Тромсо Конвенцијата.

Оваа Регионална конференција беше организирана во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“.

Потписниците на „Иницијативата 2020“ усвоија заедничкото соопштение со кое се согласија „дека во иднина проактивната транспарентност ќе биде главната цел за имплементирање на Законот за слободен пристап до информации како алатки за транспарентност, отчетност и отвореност на институциите. Темата е особено важна, проактивното објавување, односно активното објавување и ажурирање на податоците објавени на веб-страниците на јавните субјекти, и истата треба да биде примарна обврска и должност, додека реактивната транспарентност, односно постапката за постапување по барања за пристап до информации да биде споредна обврска на имателите на информации на имателите на информации“.

На конференцијата потписниците на „Иницијативата 2020“ се согласија следната конференција да се одржи во Хрватска.

Accessibility Toolbar