ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 5-ОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШАТАЈ НА БИРН (BALKAN INVESTIGATIVE REPORTING NETWORK) ЗА СЛОБОДА НА ИНФОРМИРАЊЕТО ЗА 2023 ГОДИНА

14.06.2024

На 12 Јуни 2024 година во Тирана, Албанија беше презентиран 5-от Годишен извешатај на БИРН (Balkan Investigative Reporting Network) за слобода на информирањето за 2023 година. Извештајот анализира 715 барања за информации доставени од новинари на БИРН во шест земји од Западен Балкан во 2023 година, меѓу кои и Република Северна Македонија, шест интервјуа со претставници на релевантните власти во секоја земја, како и интервјуа со 12 новинари на БИРН од надворешни експерти.

За одбележување е фактот дека, во 2023, БИРН Македонија го има најдоброто искуство со пристап до податоци користејќи го правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, од поднесени вкупно 63 Барања за пристап до информации од јавен карактер, 54 се во целост одговорени, по 4 барања за пристап до информации од јавен карактер е делумно постапено, 2 барања се одбиени, а по 3 барања воопшто не е постапено од страна на институциите – иматели на информации.

“Јавните институции во Западен Балкан се се помалку подготвени да одговараат на слободата на информации, барањата за информирање, новинарските прашања или да даваат интервјуа“, се заклучува во новиот извештај заснован на работата на новинарите на БИРН во текот на 2023 година, објавен во средата во Тирана, Албанија. “Практиката на таканаречениот „административен молк“ – непостапување по поднесените барања за пристап до информации – стана широко распространета,“ се вели во извештајот.

Извештајот можете да го најдете на следниот линк:

https://balkaninsight.com/wp-content/uploads/2024/06/Freedom-of-Information-2023-Annual-Report.pdf

Accessibility Toolbar