Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Здружението за одржлив развој„Милиеуконтакт Македонија“, Архус Центар, Скопје

15.11.2021

Директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и извршниот директор на  Здружението за одржлив развој „Милиеуконтакт Македонија“, Архус Центар, Скопје,  Маја Марковска, потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој Меморандум се воспоставува долгорочна соработка помеѓу Агенцијата и Здружението за промовирање на начелата и одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Конвенцијата за пристап до информации и учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина (Архуска Конвенција).

Со потпишувањето на овој Меморандум, страните ја изразуваат подготвеноста за соработка на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, зголемување на транспарентноста на имателите на информациии во областа на животната средина, како и организирање на едукативни настани за иплементирање на одредбите од Законот за СПИЈК и Архуската Конвенција.

Предмет на овој Меморандум е подготовка на листа на документи кои согласно националното законодавство за животна средина треба да бидат објавени на веб страните на имателите, мониторинг на веб страните на имателите согласно членот 10 од Законот за СПИЈК, и објавување на информации и постапки од областа на животната средина. Со заедничките активности се предвидени и  изработка на извештаи од спроведените мониторинзи, организирање на обуки за баратели и иматели за Законот за СПИЈК и Архуската Конвенција, учество на јавноста во донесувањето на одлуки од областа на животната средина, развој и заеднички настап во проекти кои имаат за цел спроведување на законските одредби за слободен пристап до информации од јавен карактер и Архуската Конвенција.

Accessibility Toolbar