ОНЛАЈН ДЕБАТА ЗА ЕДНОГОДИШНОТО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Во организација на Центарот за Граѓански комуникации на 1 декември 2020 година, се одржа онлајн дебата за спроведувањето на новото законско решение. Дебатата се одржа точно на денот кога се одбележува една година од примената на Законот од 2019 година.
На дебатата учество земаа 34 претставници, од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, од граѓанските организации, претставници на државните институции, како и новинари.
Свое излагање за едногодишното имплементирање на Законот имаше и директорката на Агенцијата, г-ѓа Пламенка Бојчева, која присутните ги запозна со искуството кое Агенцијата го има од спроведувањето на новиот Закон.
Целта на дебатата беше низ анализа и дискусија да се пренесат првичните искуства од примената на Законот, се со цел да се укаже на некои недоследности кои се јавуваат во едногодишната примена на новото законско решение и да се извлечат препораки за унапредување на ова законско право во иднина.