ОБЈАСНУВАЧКИ СОСТАНОК ЗА ОБЛАСТА: РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

19.09.2022

Генералниот секретар на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Тања Ковачев, денеска учествуваше на објаснувачкиот состанок за Областа: Реформа на јавната администрација.

Кластерот Фундаментални вредности има своја тежина од повеќе аспекти, затоа што вклучува области кои за првпат се дел од пристапните преговори како што се функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економските критериуми.

Во периодот институциите  ќе се насочат кон исполнување на европските барања и стандарди во реформирањето на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.
Професионалноста на јавната администрација е важна, како за исполнување на обврските на европскиот пат, така и за создавање администрација која квалитетно ќе им служи на потребите на граѓаните.

Accessibility Toolbar