КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ПОДОБРУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР“

23.09.2022

Во организација на Центарот за управување со промени, а во соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, денеска се одржа конференција на тема „Подобрување на системот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Целта на конференцијата беше да се презентира Анализата на најчесто побаруваните податоци преку инструментот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и да се поттикне проактивниот пристап на имателите на информацции од јавен карактер за објавување на информациите од јавен интерес.

Конференција со свои воведни обраќања ја отворија Пламенка Бојчева, директор на Агенцијата, Славица Грковска, заменик претседател на Влада задолжена за политики за добро владеење и Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на ЦУП.

На првиот панел беше презентирано нацрт Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор, врз основа на анализата, којашто ја изготви Центарот за управување со промени во соработка со Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во овој процес ќе биде изготвен и список на информации кои понатаму ќе станат обврска да бидат објавувани на веб страниците на институциите, за што подобар пристап до информациите со кои располагаат, а воедно ќе ја подобри проактивната транспарентност на имателите на информации.

Вториот панел од конференцијата беше посветен на темата: „Проактивен пристап при објавување на информации од јавен карактер“, на кој своите искуства и препораки за што подобра транспарентност на имателите на информации ја пренесоа претставници на граѓанскиот сектор, академската заедница и Агенцијата.

Во продолжение можете да ги проследите изјавите на Директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева, на заменик претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и извршната директорка на ЦУП, Неда Малеска.

https://www.facebook.com/watch/?v=396871009111526 

Accessibility Toolbar