ИЗВЕШТАЈ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА (ОКТОМВРИ 2021-ОКТОМВРИ 2022) НА ПРИОРИТЕТНАТА ОБЛАСТ: ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ,ПРОАКТИВНОСТ И ИНКЛУЗИВНОСТ ОД НАП 5 ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ
Според Извештајот за имплементацијата на приоритетна област: транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност октомври 2021 – октомври 2022 на 5-от Национален акциски план за Партнерство за отворена власт, најголемо подобрување или унапредување е забележано кај објавувањето на податоците за граѓанските организации, како и во делот на објавувањето на информации од јавен карактер од страна на институциите. Дури 92 % од институциите како иматели на јавни информации доставуваат извештаи до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер којашто, пак, ги интегрира во сопствените извештаи. Овие две заложби се оценети како „ѕвездени заложби“ во оваа приоритетна област.
Авторот на Извештајот, ја истакнува активната работа на Агенцијата, како институција што е особено посветена на реализацијата на заложбата којашто е дел од НАП 5. Заложбата вклучува засилени напори од Агенцијата за подобрување на активната транспарентност кај имателите на информации и иако имплементацијата на оваа заложба може да се дефинира како завршена, тоа е процес, што ќе се одвива континуирано до крајот на имплементацијатана НАП 5, па и понатаму, се вели во Извештајот. Се очекува дека со остварување на заложбата ќе дојде до зголемување на достапноста на информациите од институциите кон граѓаните, што значи дека од една страна ќе се намали притисокот врз институциите со доставување на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, но од друга страна ќе се овозможи ефективно учество на граѓаните во креирањето на политики, како и унапредување на квалитетот на услуги и информации коишто граѓаните ги добиваат од имателите на информации.
Во извештајот се потенцира дека отвореноста на соработката на Агенцијата со граѓанските организации, како и заедничката работа во креирањето и имплементацијата на заложбата, директно придонесува кон нејзина успешна имплементација. Агенцијата и понатаму останува отворена за соработка со граѓанските организации како во однос на следниот акциски план за ПОВ, така и во промовирањето на активната транспарентност како цел за исполнување на уставно загарантираното право на пристап до информации, преку давање на услугите на имателите на информации на брз и едноставен начин. Воедно, имателите на информации го добиваат потребниот легитимитет, бидејќи демонстрираат одговорноство своето работење, а со тоа ја враќаат довербата на граѓаните во институциите.