ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИПА 2 ПРОЕКТОТ: „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА“

07.11.2022

Завршната конференција на ИПА 2 проектот: „УНАПРЕДУВАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОТЧЕТНОСТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА“, финансиран од страна на Европската Унија, а имплементиран од страна на конзорциум предводен од PwC, заедно со Фондацијата Програма за пристап до информации, се одржа во организација на PricewaterhouseCoopers. Проектот беше спроведен во периодот од ноември 2019 до ноември 2022 година. Корисници на проектот беа Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Државната комисија за спречување на корупцијата, со цел да се подобри нивното оперативно функционирање, придонесувајќи за зголемување на интегритетот и етиката на јавните институции, како и подобрувањето на транспарентноста иодговорноста на јавната администрација.

На завршната конференција, пред присутните претставници од Европската делегација во Скопје, Агенцијата, ДКСК, претставници на граѓанскиот сектор и новинари, свои поздравни обраќања имаа Мери-Медлин Канелопулу, раководител на операции на Европската делегација, Пламенка Бојчева, директор на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информациите од јавен карактер, Владо Георгиев, заменик претседател на Државната комисија за пречување на корупцијата и Драган Давитков, Проектен директор на PwC.

Директорката Бојчева, истакна дека „…една од светлите точки кои во периодот на кризата предизвикана од Ковид 19 вирусот, за унапредување на работењето на новоформираната Агенција и надминување на сите предизвици со кои таа се соочи на самиот почеток од своето функционирање, беше токму овој ИПА 2 проект“. Бојчева ги презентираше трите главни активности за Агенцијата и тоа:

– Надградба на капацитетите и надлежностите на Агенцијата

– Поддршка и зајакнување на внатрешните оперативни и институционални капацитети и

– Поддршка на ИТ капацитетите за спроведување на законската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во рамките на првата активност креирани и објавени се: Упатство за начинот на спроведување на ЗСПИЈК, Упатството за примена на тестот за штетност и Водичот за делегирање на надлежност, Летокот за баратели – под насловот „Имаш право да знаеш!“, Методологијата за мониторинг и следење на веб страните на имателите на информации со Прашалници за мониторинг, Прирачник за Проактивно објавување на информации, Насоки за проактивна транспарентност и Насоки за проактивно објавување на информации од јавен карактер за функционери или раководни лица. Исто така, се подготвени и Коментари за прашања во врска со усогласеноста на нацрт на Законот за употреба на податоци од јавниот сектор со Директивата (ЕУ) 2019/1024 на Европскиот парламент и на Советот од 20 јуни 2019 година за отворени податоци и повторна употреба на информации од јавниот сектор и Извештај за коментари и дискусија за учеството на Агенцијата во процесот на ПОВ.

Беа изготвени и Извештај со анализи и препораки во врска со онлајн обуките кои кои Агенцијата редовно ги спроведува за обука на службените лица за посредување со информации од јавен карактер, како и Анализа за потребите на обуките на АЗПСПИЈК за имателите на информации.

Во рамките на втората активност Поддршка и зајакнување на внатрешните оперативни и институционални капацитети беше подготвена и Функционална Анализа  која беше основа за подготовка на актите за внатрешна оганизиација и за систематизација на работните места во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Стратегија за слободен пристап до информации од јавен карактер за периодот 2021-2025 година и Акционен план за спроведување на Стратегијата беа подготвени по интензивни дебати и интервјуа со учество на иматели на информации, баратели на информации и специјализирани јавни тела.

Изготвена е и Анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за подобрување на системот за слободен пристап до информации.

Беше организирана и реализирана Студиска посета на земја-членка на ЕУ, тоа е Португалија, на која посета беа разменети искуства од остварувањето на основното човеково право на пристап до јавни информации.

Во третата компонента беа изготвени новата веб страница на Агенцијата, два портали наменети за имателите и барателите на информации, системот за управување со документи, евиденција на предмети и електронска архива. За користењето на овие IT алаткибеа реализирани бројни обуки, како на вработените во Агенцијата, така и за околу 1000 назначени службени лица за посредување со информации од јавен карактер

На крајот од своето обраќање Бојчева се заблагодари на Европската Делегација со чија поддршка Агенцијата се трансформира препознатлива институција – кредибилен промотор на јавниот интерес и сериозен заштитник и гарант на правото на  пристап до јавни информации.

Во вториот панел од страна на клучните експерти кои работеа на проектот, Јуре Скрбец, Александар Кашумов и Боро Јакимовски, беа презентирани клучните резултати од проектот и нивниот бенефит во понатамошната работа на Агенцијата и ДКСК.

Во последниот панел на тема: „Интегритет на Јавната администрација“, панелистите потенцираа дека политиката на интегритет ќе придонесе кон јакнење на доброто владеење на институциите, при што професионалноста и етичноста ќе бидат базични принципи на постапување на вработените, со крајна цел овозможување на зголемена ефикасност во остварувањето на правата на граѓаните и активна вклученост на сите чинители во борбата против корупцијата.

На крајот од конференцијата беа донесени заклучоци дека овој проект го отвори патот за справување со предизвиците во работата на институциите, а и за следни проекти со што истите ќе се надоградат и пристапот до информации од јавен карактер ќе биде факторот во борба против корупцијата.

 

 

 

 

Accessibility Toolbar