„Граѓаните имаат право на информации од јавен карактер“
Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари преку буџетите на институциите, како и да добијат други податоци од различни иматели на информации. Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер реагира секогаш кога бараните информации институциите не ги доставуваат.
„Во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер годишно стасуваат околу 800 жалби поради недавање информации од јавен интерес и молчење на администрацијата. Причината за тоа е немање свест кај раководните структури и службите на сите нивоа во администрацијата“, изјави директорката на Агенцијата, Пламенка Бојчева, во утринското гостување во емисијата „Утрински брифинг“.