АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР УЧЕСТВУВАШЕ НА БИЛАТЕРАЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ПОГЛАВЈЕТО 32-ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА И ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУЦИИ, КЛАСТЕР ФУНДАМЕНТАЛНИ ВРЕДНОСТИ

Претставници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, учествуваа на билатералниот скрининг за Реформа на јавната администрација, поглавјето 32 – Финансиска контрола и Функционирање на демократски институции, Кластер Фундаментални вредности. Генералниот секретар на Агенцијата, Тања Ковачев, учествуваше на билатералниот скрининг со Европската Kомисија за Реформа на јавната администрација и поглавјето 32 – Финансиска контрола.
На билатералната средба учествуваа клучните институции кои се директно вклучени во скрининг процесот.
Билатералниот скрининг за реформа на јавната администрација е претставен за првпат, што само по себе значи важност на ова поле и претставува еден од клучните приоритети, дел од Копенхашките критериуми и важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.
Модернизацијата и унапредувањето на државата и јавната администрација се постојано важни и се гледаат како основа на целиот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот на едно демократско општество.
На скринингот во рамките на Функционирање на демократски институции, Кластер Фундаментални вредности, која област е за прв пат претставена со новата ревидирана методологија за преговори, презентација одржа Петар Гајдов, Помошник Раководител на Сектор во Агенцијата. Презентацијата беше одлично оценета.
Агенцијата и понатаму останува посветена на јакнењето на транспарентноста, отчетноста и отвореноста на институциите, во интерес на градење демократско општество, врз европските вредности.