НДИ

20.10.2020

Во јули 2020 година, Агенцијата во соработка со НДИ- Северна Македонија, заедно со ЦЕФЕ Македонија, организираше  Обука на обучувачи за вработените во Агенцијата. Учесниците се стекнаа со потребните вештини за тоа како да спроведат обука за имателите на информации од јавен карактер за спроведување на новините од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Прилагодувајќи се на КОВИД 19, на учесниците им беа дадени вештини и алатки за спроведување на обука преку Интернет. Понатамошна поддршка од НДИ – Северна Македонија е годишна претплата на Зум соба за Агенцијата со цел да може да се организираат сесии за обука на имателите на информации.

Следната активност која Агенцијата ја реализираше во соработкасо НДИ и Види Вака беше изработка и продукцијата на две едукативни видеа за имателите на информации и за барателите. Едното од нив, едукативното видео за барателите беше промовирано на 28 септември 2020, Меѓународниот ден на слободен пристап до информации.

 

Овие активности се овозможени со финансиска поддршка на УСАИД Северна Македонија.

ПPOЕКТИ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ

Accessibility Toolbar