ОБУКА ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА КАЈ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

16.06.2021

Во организација на Меѓународниот Републикански институт, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа дводневна обука на тема: „Зголемување на транспарентноста и отчетноста на приходите и расходите кај политичките партии-примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ за службените лица кај политичките партии.

Воведни обраќања на обуката за потребата за транспарентност и отчетност на приходите и расходите на партиите имаа г-дин Овен Паун, директор на програмата од ИРИ и г-ѓа Пламенка Бојчева, директорката на Агенцијата.

На дводневната обука од страна на експертот Данче Даниловска Бајдевска и од  обучувачите од Агенцијата, Макфирете Морина Сулејмани и Горјан Гилевски, службените лица беа запознаени со историјата на меѓународната и национална правна рамка, суштествените законски поими, за правата на барателите во законскиот рок да добијат пристап до бараната информација. На присутните исто така им беше посочено на што поголемо проактивно објавување на информациите од јавен карактер, за законските одредби од постапката за остварување на правото на слободен пристап, како и за нивните права и обврски за што подобро имплементирање на законот од нивна страна.