Информативни едукативни сесии со млади, новинари, претставници на граѓански организации и институции во организација на АСПИ и АДИ

01.04.2022

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и Асоцијацијата за демократска иницијатива, во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организираат информативни едукативни сесии со млади, новинари, претставници на граѓански организации и институции за користење на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Целта на овие сесии е да се појасни начинот за поднесување на барање за пристап до информации од јавен карактер и поттик на јавноста да го користик ова уставно загарантирано право за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Во текот на месец април се планирани регионални едукативни сесии во следните 5 градови во Република Северна Македонија:

Гостивар         6 април  (среда)

Битола             8 април (петок)

Куманово       12 април (вторник)

Штип               14 април (четврток)

Струга             19 април (вторник)

Дополнително, Агенцијата на својот facebook  профил (https://www.facebook.com/aspi.mk) ќе известува за часот и локација за секоја сесија поединечно.