Започнуваат обуки за службените лица за електронски портали за баратели и иматели на информации на информации од јавен карактер

06.12.2021

За полесно остварување на правото на пристап до информации од јавен карактер и поефикасно имплементирање на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. во рамките на активностите од проектот ИПА2 „Транспарентност и отчетност на јавната администрација“, се креирани два електронски портала – за иматели и за баратели.

Со оглед на тоа што електронските портали се веќе во функција, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер известува дека  во периодот од 7 до 20 декември годинава, секој работен ден ќе се одржуваат online обуки за службени лица на платформата ZOOM во термини од 09:00, 11:00 и 13:00 часот. Обуките ќе ги спроведуваат обучувачи ангажирани во рамките на Проектот.